Филипче: Почитувањето на мерките е „оружјето“ во борбата против коронавирусот

77

Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние можеме да придонесеме во борбата против коронавирусот, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи, во објава која им ја посвети на здравствените работници.

– Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени. Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа – напиша министерот.

Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и…

Posted by Венко Филипче on Вторник, 13 октомври 2020