Филипче на консултација со Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на случаи

133
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на министерот Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19.

Министерството соопшти дека ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба.

Денеска здравствените власти регистрираа 225 нови случаи на инфекција, на 1.694 направени тестови, што е зголемување во однос на дневната бројката од претходните недели.

Исто така во изминатите 24 часа пријавени се шест смртни случаи од компликации предизвикани од ковид-19.