Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

164

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини и познати кластери, пред сè од Чаир и Сарај.

– Во Сарај веќе почна да се намалува бројката на заболени. Останува Чаир и таму работат тимовите за јавно здравје. Понатаму е Студеничани, каде денес се анкетираат лица. Во Штип новодијагностицираните се од неколку конфекции. Денеска екипа од Министерството за здравство и Државниот здравствен инспекторат беа таму и донесена е одлука да се затворат пет конфекции до наредниот понеделник, а 600 луѓе ќе бидат истестирани во тој период – рече Филипче.

Тој додаде дека очигледно е дека и покрај високите бројки, нема пациенти што се јавуваат во болници, што значи дека тие се со полесна клиничка слика или се асимптоматски.

По направениот детален увид направен во Центарот за јавно здравје, дојдено е до заклучок дека новодијагностицираните пациентите остануваат дома да се лечат, што, според Филипче, значи дека здравствениот систем може да се справи со овој бран.