Филипче: Комисијата за заразни болести има став за онлајн-настава

273
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерот за здравство Венко Филипче изјави за Канал 5 дека Комисијата за заразни болести има став наставата да почне да се одвива онлајн, освен за првачињата. Тој ги посочи и опасностите за ширење на коронавирусот за време на транспортот до училиштето, како и за време на одморите и во заедничките простории.

Министерот го пренел ваквото размислување и на седница на Владата, додавајќи дека дискусијата уште трае и оти Владата треба да донесе заклучок за неколку дена.

За утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за труд и социјална политика на кој ќе ги разгледуваат протоколите за настава во новата учебна година.