Филипче: Животот би почнал да се враќа во нормала кон средината на мај

1044

Почнати се подготовките за ублажување на рестриктивните мерки за движење воведни поради заштита од коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека укинување на мерките може да почне на почетокот или на средината на мај.

– Ние и сега преземаме одредени мерки да се спремат капацитетите. Сите оператори треба да се подготват за тоа како треба да се функционира тогаш кога ќе кажеме дека е момент да се прекинат сите овие рестриктивни мерки. Тоа ќе биде најверојатно некаде на почетокот или на средината на мај. Допрва се утврдува моментот кога ќе го вратиме животот во нормала – рече министерот Филипче.

Откако ќе почне укнувањето на мерките, министерот најави дека ќе размислуваат за дополнително тестирање на веќе земените материјали од граѓани кои оваа сезона биле заболени од грип за да се утврди евентуално биле заболени од коронавирус.