Филипче: Доктори си одат од државната клиника, изморени од борбата со ковид-19

347
Фото: Игор Бансколиев

Изморени од борбата со ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника, кажа министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за заминувањата од Клиничкиот центар.

Филипче истакна и дека сестрите што минатиот викенд најавиле заминување, потврдиле дека одат во приватни клиники. Министерот додаде дека тие ќе бидат заменети со нивни колеги.