Филипче: Бројки како вчерашната и денешната очекуваме и во следните неколку дена

381

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од ковид-19 и во следниве 2-3 дена да биде слична како денешната и вчерешната.

Тој вели дека евентуално во текот на викендот може да се намали бројот на новозаразени. Како пример, Филипче ја наведе општината Сарај, каде што во последниов период имаше зголемување на бројот на заразени, а сега, откако се исцприле сите контакти, во изминативе 24 часа се дијагностицирани само двајца.

Истото, вели Филипче, се очекува да се случи и во Штип, во петте конфекциски фрабрики кои ќе бидат затворени до наредниот понеделник, а во тој период треба да бидат тестирани сите 600 луѓе, вработени во тие институции.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 62 новозаразени и два смртни случаи, додека денеска црниот биланс се зголеми со 7 починати, а забележани се и 89 случаи на инфекција.