Фото: Игор Бансколиев

Утре, во работна посета на нашата земја, ќе претстојува Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Во рамките на еднодневната работа посета на министерот Сијарто, од негова страна ќе биде предадена и донација на вакцини наменета за потребите на македонското Министерство за внатрешни работи, информираат од Министерството за надворешни работи.

Високиот гостин од Унгарија и пратката со вакцини на македонскиот аеродром ќе биде пречекана од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.