Укината забраната – спортски натпревари ќе има, но без публика

25

На денешната седница Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови. Како што се наведува во соопштението, Владата ја прифатила препораката на Комисијата за заразни болести, федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.