Тројца новозаразени и еден починат од ковид-19 во Прилеп

63

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има три нови случаи на коронавирус. Како последица на заразната болест почина едно лице на 48 годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 55, од кои 40 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 75 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 327, а бројот на починати 24. Ка.М.