Тројца новозаболени во М.Брод, во Кичево еден починат и двајца оздравени од ковид-19

288
Фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие Кичево ја забележа шестата жртва од ковид-19, додека две лица се оздравени, истовремено нема регистрирано новозаболени. Бидејќи поголем дел од инфицираните лица се со полесна клиничка слика, за очекување е бројот на оздравени да расте. Интересот за тестирање на граѓаните на Кичево е голем, што ни беше потврдено од д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб и директор на Здраствениот дом.

– Во нашата општина денес немаме регистрирано новозаболени од ковид-19, но за жал го регистрираме шестиот смртен случај, имаме и двајца излекувани пациенти. Кичево моментално има 92 активни случаи, 24 лица се излекувани, додека шест лица починаа. И натаму стојат препораките за носење заштитна маска, одржување редовна хигиена на рацете и што помало групирање и собирање, како во затворен, така и на отворен простор – рече Бајрами.

Од тројцата новозаболени во Македонски Брод, двајца се од селата, додека едно лице е од градот и моментно во овој град се регистрирани 12 активни случаи, истакнуваат од Кризниот штаб.