Тројца насилници за време на полицискиот час предизвикале тепачка во Куманово

44

Кумановското основно јавно обвиунителство поднесе предлози за казни против три лица од овој град кои со намера да предизвикаат тепачка, го прекршиле полицискиот час, односно ограничувањето на движењето изречено како мерка против коронавирусот.

Обвинетите на 24 март, околу 22.15 часот заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања.

Најпрво започнала расправија, а потоа и физичка пресметка. Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои го констатирале дека напаѓачите сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

За стореното кривично дело, обвинителството до Основниот суд во Куманово предложико на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глови, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​