Триесет и едно лице на болничко лекување поради ковид-19 во Прилеп

56

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а седум лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 138, од кои 107 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 212 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 722. Ka.M.