Фото: Игор Бансколиев

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал маж на 66-годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во општина Прилеп. Како што информираат од општина Прилеп, во изминатите 24 часа регистрирани се 10 нови случаи на лица заболени од ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 85.

На инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика.

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица и изминатите 24 часа сите ја почитувале мерката. Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Ка.М.