Србија ќе помогне вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Македонија

90

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Македонија и дека се работи за надминување на проблемот со регистрацијата на вакцините.

– Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, но има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји што имаме соодветен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи – изјави Брнабиќ.

Таа информираше дека со изутринава ја надминале бројката од 50.000 вакцинирани лица во Србија.