Спасовски, Филипче и Османи отсутни од Советот за безбедност по вчерашната посета на Куманово

122

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче не дошле на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Ова го потврдуваат од претседателскиот кабинет, а следува откако беше утврдено дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со кој вчера се сретнаа владините функционери, има коронавирус.

Дали има и кој е дојден кај претседателот Пендаровски, наместо Спасовски кој е член по функција во Советот за безбедност засега не се знае, а за тоа, од Кабинетот на шефот на државата рекоа ќе информираат по седницата.

Од Владата велат дека во моментов се прават консултации и анализи со епидемиолози дали премиерот Оливер Спасовски ќе биде во самоизолација поради контактот со Димитриевски во текот на вчерашниот ден.

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на ковид-19.

Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица.

Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице.