Спасовски негативен на коронавирус

30

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, објави дека резултатите од тестот за коронавирус се негативни.

– Само што ги добив резултатите од денешниот ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација. На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени – објави Спасовски на Фејсбук.

Спасовски направи тест за ковид-19 откако вчера беше во Куманово заедно со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која денеска објави дека е заразена со коронавирусот.