Пред доаѓањето на министерот за здравство Венко Филипче на партерното уредување на Модуларниот ковид-центар болници во Битола, работеа десетина мајстори кои ги
поплочува пристапните патишта. Тие беа ангажирани да се средат пристапните патишта и околината на модуларните болници.

Во уредудвањето на партерното уредување на модуларните болници беа вклучени и работници на ЈП „Комуналец“. Но, само што заврши посетата на министерот Филипче,
мајсторите кои беа ангажирани на уредувањето на болницата си ги собраа алатите и си заминаа.

Така, вчера и денеска никој не работеше околу уредување на модуларните болници, кои според зборовите на министерот Филипче се целосно подготвени да ги
примат болните од ковид-19.

Чудно е тоа што, иако во Клиничката болница буквално се бројот креветите кои се слободни за да ги примат болните од ковид-19 во Битола, навидум не се брза за да се заврши Модуларниот ковид-центар и тој да биде пуштен во употреба.

Дали тоа се должи на наводното немање проект за просторно уредување на ковид-центарот, или недостиг на лекарски и друг медицински кадар, засега никој не сака да
даде одговор. М.М.