Скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

246

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје, заболен од коронавирус, починал на пат кон болницата „8 Септември“.

Според информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во дополнителниот извештај, кој е испратен попладнево, пациентот од Скопје бил тестиран и потврден позитивен на ковид-19 преку Ветеринарен факултет, се наведува во соопштение на Владата.