Се намалува бројот на заразени од ковид-19 во Прилеп, за една седмица 84 нови случаи

44

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 11 до 17 јануари годинава, во општина Прилеп имало 84 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале пет лица.

Бројот на активни случаи изнесува 301 од кои 41 лица се наоѓаат на болничко, 227 на домашно лекување, а 33 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се 29 пациенти.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 355 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп досега изнесува 4.467. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 225 лица. Ка.М.