Се дезинфицираа верски објекти и установи во Кичево

146

За да го спречат натамошно ширење на коронавирусот, претставници на АРМ извршија дезинфекција на повеќе објекти кои ги користат, како и простории во јавни установи во Кичево и објекти каде што има поголема концентрација на луѓе во работните денови, како и повеќето верски објекти во општината.

– Изминативе денови претставници на АРМ извршија дезинфекција на поголем број верски објекти во градот и општината, како и на објекти од јавни установи во кои секојдневно има поголема концентрација на граѓани, за да се спречи ширење на Коронавирусот.Овој зафат секако во голема мера ќе помогне и понатаму да бидеме една од најуспешните општини со најмал број заразени со Ковид-19 и тој тренд ќе се обидеме да го задржиме и во понатамошниот период, кога продолжува беспоштедна борба со невидливиот непријател – вели Станко Трпески , член на кризниот штаб и директор на Општата болница.

З.А.