Семејство од Берово патувало со автомобил за време на полициски час

1595

Четири лица од Берово, членови на едно семејство, се обвинети дека свесно го прекршиле полицискиот час во текот на викендот.

И покрај тоа што знаеле за мерките против опасната заразна болест ковид-19, лицата не постапиле според прописите и во текот на викендот се движеле со возило додека во сила била забраната за движење во временски период од 16 до 5 часот наредниот ден.

Со своите дејства секој од обвинетите сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија поради што е поднесен предлог за секого да се изрече глоба во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.​