Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

172

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде што нашите граѓани го продолжија враќањето кон земјата.

– Од сите досега пријавени за репатријација од Перу, остана уште еден случај на кој континуирано работиме, со оглед на отежнатите внатрешни околности во земјата, заради мерките од пандемијата. Со претходните четири веќе пристигнати граѓани од Перу во земјата и овие седум, во моментот кога ќе се најде решение и за студентот од Куско, сите пријави за репатријација од Перу ќе бидат реализирани, благодарение на Европскиот механизам за цивилна заштита – соопшти МНР.

Преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија досега се репатрирани вкупно 29 македонски граѓани од Латинска Америка и од Карибите, и тоа 11 од Перу, 4 од Бразил, 4 од Аргентина, 4 од Куба, 3 од Колумбија, 2 од Уругвај и еден од Барбадос.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија е адресата за пријавување на затекнатите граѓани од Латинска Америка и од Карибите.