Седуммина новозаразени од ковид-19 во Прилеп

72

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 7 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 14 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 120, од кои 99 се наоѓаат на домашно, а 12 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 190 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 574. Ка.М.