Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

295

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.

Тој вели дека и покрај максималното почитување на мерките, е позитивен на ковид-19 и дека заедно со семејството ќе биде во изолација.

– За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичниот лекар – напиша Бишевац на Фејсбук.