САД ќе издвојат 1,1 милиони долари за помош на Македонија во борбата против ковид-19

149

САД ќе издвојат помош од 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на заразата на коронавирусот во Македонија, соопшти амбасадата на САД во државава, на нејзината фејсбук-страница.

– Со задоволство можеме да соопштиме дека американската влада ќе издвои 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на ковид-19 во Северна Македонија. Јас сум убедена дека поддршката пружена во вид на пакет помош ќе биде од значителен придонес за борбата на Северна Македонија против ковид-19 – истакна американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Pleased to announce that the U.S. Government has committed $1.1 million to mitigate the spread of the COVID-19 outbreak…

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Понеделник, 06 април 2020