Ротари Клуб Широк Сокак донираше опрема за ковид-центарот во Битола

489

Ротари клубот Битола Широк Сокак денеска ја реализираше најголемата донација во своето 12-годишно постоење. Во ковид центарот на Клиничка болница Битола беше предадена во употреба најсофистицирана опрема во вредност од 2,1 милион денари, која е воедно и една од најголемите донации на опрема во ковид-центрите во земјава.

Со овој вид на опрема пациентите згрижени во ковид кентарот во Битола ќе добијат можност нивната состојба да се следи со помош на врвна медицинска апаратура на реномираниот производител „Дрегер“ од Германија.

Донацијата се состои од:
1. Пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени
2. Два бронхоаспиратори со вакуум
3. Четири паротокомери за кислород

Средствата се обезбедени од лични донации на членови на клубот, кои се мечирани во Ротари Интеранационал, донации од партнерски Ротари клубови Логатец Р. Словенија, Љубљана 25 Р. Словенија, Галезбург Санрајз САД, Ротари Дистрикт 1912, Ротари Дистрикт 2483 Р. Србија како и средства на граѓаните на Битола кои беа донирани за време на минатогодишниот Втор Битолски Новогодишен базар.

Инспириран и поттикнат од оваа голема донација на клубот, добавувачот „Винора“ одлучи да се приклучи кон оваа донација и да ја надгради со донирање на опрема која е од витално значење во справување со ковид-пандемијата, и тоа со:

1. Два апаратори на струја 
2. Два протокомери за кислород со овлажнувач
3. Ларингоскопски сет
4. Дваесет маски за висока концентрација на кислород

Донираната апаратура по завршување на пандемијата ќе  биде ставена во функција во операционите сали на Клиничка болница во Битола. М.М.