Родителите на деца до 10 години, бремените жени и хронично болните остануваат ослободени од работа

257

На денешната владина седница усвоена е информација за заклучокот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, за ослободување од работа, или можност за работа од дома, на одредени категории граѓани.

Според оваа одлука, хронично болните лица и родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои што претходно беа ослободени, остануваат безусловно и понатаму ослободени од работа, со можност работните задачи да ги реализираат од дома.