Репризи од „Култура во време на корона“ во текот на полицискиот час

88

Градските власти во наредните три дена, проектот „Култура во време на корона“ ќе го репризират за време на полицискиот час во Скопје.

Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот.

За време на полицискиот час, почнувајќи од денес, програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика.

Натапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук-страница на град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции неодамна го спроведоа овој проект којшто броеше над 50 настани, со настап на повеќе од 200 изведувачи, во осум различни општини во Скопје.