Редовната терапија на хронично болните ќе се издава кај матичен

73
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека поради нaстанатата ситуација со коронавирусот, како дел од мерките за заштита од ширење на вирусот, е и издавањето на редовните терапии на хроничо болните лица да се врши кај матичните лекари.
 
Филипче додаде дека нови болни од други болести ќе мораат на специјалист, мерката важи само за хроничните. Тој нагласи дека сите интервенции закажани за периодов ќе бидат одложени, освен итните.
 

– Клиниките ќе работат со намален капацитет, само за итни случаи, а редовните терапии за хронично болните ќе можат да се земаат на матичен доктор – рече Филипче.

Од вкупно девет заразени во земјава, 6 се во стабилна состојба, кај три е влошена состојбата. Тие се на возраст од над 60 години и имаат отежнато дишење. Утрово се пријавило еден лице за тестирање. Пациентот е дојден од Германија, и утрово имал покачена температура, рече министерот Филипче