Продолжува состанокот за протоколите за настава

162

Состанокот за протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука (МОН) денеска треба продолжи, откако вчерашната средба заврши без заклучоци.

Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се применат за заштита во текот на наставниот процес. Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.

Финалната одлука за почеток на учебната година, како и за начинот на одвивање на наставата, е во надлежност на Министерството за образование и наука.