Пристигнува донација од Катар за справување со ковид-19

280

На скопскиот аеродром заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, во присуство на Хамад Јасим ал-Махмуд, вршител на должност амбасадор на Катар во земјава, ќе ја пречекаат донацијата – помош за справување со ковид-19 од Катар.

Донацијата со карго авион на катарската авио компанија „Катар ервејс“ се очекува да пристигне во 14.55 часот.