Прв случај на дете заразено со ковид-19 по отворањето на градинките

258
Фото: Илустрација

Забележан е прв случај на дете заразено со ковид-19 во скопска градинка, објави МИА повикувајќи се на информации од Министерството за труд и социјална политика.

Станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември” во општина Центар.

Три случаи на заразени вработени во градинки во Скопје, Битола и во Свети Николе беа пријавени од отворањето на градинките на 9 септември.