Поништен тендерот за распиратори

70

Двете компании кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa го известиле Министерството за здравство дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот.

Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.

Во меѓувреме, Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.

– Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини – соопшти МЗ.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто.