„Плодност“ стартува со брзи тестови за ковид-19 во Битола

424

Приватната болница „Плодност” Битола од утре ќе стартува со брзи тестови за ковид-19. Поради големиот интерес за серолошко тестирање, како и за
брзите тестови за ковид-19, од болницата информираат дека воведуваат нов телефонски број, наменет исклучиво за закажување на термини за оваа намена.
Сите кои сакаат да закажат термин, можат да се јават на 076/208-880. M.M.