Пет лица од Кичево изминатото деноноќие го прекршиле полицискиот час

332
фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на ковид-19, пет лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, иако интензитетот на сообраќајот пред големиот верски празник Рамазан е видно зголемен, како и прометот во маркетите, а најмногу се купуваат безакохолни пијалоци, минерална вода, апетисани и тестенини. Во исто време извршени се 10 контроли врз лица во самоизолација и 21 контрола врз угостителски и други објекти и таму не се регистрирани неправилности.

Бидејќи се уште не е дозволена работа на локалите со гости, повеќето стари муштерии добиваат кафе надвор од објектите. Така ќе биде се додека локалите не добијат виза за работа, се разбира под одредени услови во согласност со мерките на Владата во време на епидемијата од ковид-19.
З.А.