Пет лица го прекршиле полицискиот час во Прилеп

386

Пет лица го прекршиле полицискиот час синоќа во Прилеп. Како што информираат од СВР Битола против петте лица кои ја прекршиле забраната за движење од 21 часот синоќа до пет наутро ќе бидат поднесени четири кривични пријави.

За 39 лица има издадено решенија за изолација, додека 161 лице е во самоизолација.

Во Прилеп денеска се чекаат официјални информации дали освен двете лица, брачниот пар заболен од коронавирус, хоспитализиран во Инфективната клиника во Скопје, има нови случаи. Според синоќеѓната изјава на градоначалникот Илија Јованоски нивната состојба била добра.

Од денеска со новите мерки на општината е затворен Градскиот пазар, а се врши засилена контрола на влезовите во градот, како и дезинфекција на возилата и на улиците. Ка.М.