Пендаровски: Треба да се казнуваат сите без разлика на етничката припадност

836

Претедателот на државата, Стево Пендаровски, по прогласувањето на нови 14 дена вонредна состојба, посочи дека надлежните органи мора да ги санкционираат сите кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, бидејќи, на таков начин се остава простор за враќање на кризата. Тој упати апел до Владата, поради зголелемиот број на случаи заразени со коронавирусот да се враќаат рестрикциите во цела држава.

– Оваа битка сигурно ќе ја добиеме. До Владата, негативните трендови забележани во неколку општини не смеат да бидат повод за враќање на рестриктивните мерки во целата држава. Надлежните органи мора да ги санкционираат оние кои не ги почитуваат мерките, без исклучок, независно од нивната верска и етничка припадност. Со неказнувањето на оние кои свесно не ги почитуваат законите се остава простор за враќање на кризата на самите почетоци и крајно неоправдано, треба сите да ги трпат рестриктивните мерки иако цело време ги почитувале законите и препораките – рече Пендаровски.

Тој побара и од лидерите на политичките партии да се договорат за датумот на предвреметните парламентари избори, бидејќи државата не може да функционира само ако има вонредна состојба.

– Државата нема парламент, постои техничка Влада која има лимитирани овластувања, ситуацијата е премногу сериозна. Затоа барам од нив да бидат на историската одговорност и да се договорат за датумот на парламентарните избори, за да добиеме институции со полн капацитет и политички легитимитет. Државата не може и не смее со месеци да функционира само ако има воведена вонредна состојба – посочи Пендаровски до политичките лидери.