Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

1019

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по ред, за нови 14 денови, поради коронавирусот.

Ова значи дека изборните рокови остануваат замрзнати, односно, вонредната состојба ќе трае до 13 јуни. Доколку тогаш, не се донесе одлука за нејзино ново прогласување, тогаш изборните рокови ќе течат, а изборите ќе треба да се одржат на 5 јули.
– Точно е дека во најголемиот број од општините е стабилна, но за неколку општини постои сериозна загриженост. Со оглед на последните трендови, премиерот Спасовски го образложи барањето за дополнителни 14 денови вонредна состојба. Имајќи го предвид последниот развој на настаните, ќе донесам одлука за нови 14 денови. Ова нема никаква корелација со датумот на парламентарните избори – рече Пендаровски.

Претходно, Владата побара Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, со цел, да носи законски уредби со кои ќе може да се спречи ширењето на коронавирусот.