Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако транзитираат низ Македонија

238
Фото: Игор Бансколиев

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина може да транзитираат низ Македонија.

Државјаните на овие земји кои имаат двојно државјанство, доколку имаат живеалиште во државава, при влез не е потребно да се приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест. Оваа одредба на важи за лицата кои немаат живеалиште во Македонија, и при влез тие ќе мора да покажат негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влезот.

Носители на македонски патни исправи издадени кои имаат адреса на живеење во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при влез во државава исто така задолжително треба да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест.

Оние кои во Македонија дооаѓаат преку аеродромите во Скопје и Охрид, нема да треба да приложат негативен тест за ковид-19, доколку потпишат изјава дека во рок од три часа ќе ја напуштат територијата на државата.

Исто така доколку патниците од овие држави влезат во земјава преку копнен граничен премин, а имаат намера да заминат со авион, потребно е задолжително да прикажат авионски билет (електронски билет) и да потпишат изјава за транзит односно во рок од три часа да ја напуштат државата.

За професионалните возачи, не е потребно приложување потврда за тест, со обврска за задолжително почитување на протоколот за вршење на меѓународен превоз.

Потврда од направен тест не е потребна ниту во случај на организиран автобуски превоз, а во овој случај територијата на Македонија мора да се напушти во рок од пет часа, со потпишување изјава за транзит. Исто така одредбата за приложување на потврда за направен ПЦР тест ги исклучува дипломатите од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, акредитирани во земјава и челновите на нивните семјства.

Задолжителна обврска за приложување на негативен тест направен највеќе три дена пред влезот има и за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои имаат регулиран привремен или постојан престој во земјава, како и за државјаните од овие земји кои имаат претходно закажани здравствени прегледи и лекување во македонски болници.

Министерството за внатрешни работи по прибавување на пополнетите изјави од државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно со медицинските потврди од ПЦР тестовите ќе ги доставува истите на проверка и потврдување до Министерството за здравство, а Министерството за здравство истите ќе ги доставува до регионалните Центри за јавно здравје, согласно адресите.