Отфрлена кривичната пријава против Димитриевски за непочитување на мерките за заштита

65

Кумановското основно јавно обвинителство донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против храдоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од општина за наводно сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи“.

Од обвинителството велат дека не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.

Во кривичната пријава од 24 апри годинава имало наводи дека лицата за време на епидемијата постапиле спротивно на здравствените прописи, на начин што откако претходно биле тестирани и им било дијагностицирано присуство на вирусот ковид-19, се упатиле на дополнително тестирање во Скопје во три приватни лабаратории, иако не смееле да го напуштаат просторот каде биле сместени.

Јавен обвинител од Кумановското основното јавно обвинителство Куманово констатирал дека пријавените како асимптоматски носители на вирусот и лица кои поради нивната здравствена состојба спаѓаат во група на висикоризичи пациенти, побарале дополнително тестирање и второ стручно мислење за сопствената здравствена состојба, што е согласно Законот за заштита на правата на пациентите.

– Пријавените извршиле консултација со матичните лекари и закажале контролен преглед на Инфективното одделение во Општата болница Куманово за 22 април годинава. Еден од пријавените, приватно ангажирал и платил од сопствена сметка амбулантно возило со кое утрината , истиот ден, двајцата пријавени биле превезени во Скопје и обратно за контролни тестирања во приватни болници и лабараторија. Превозот во амбулатното „ковид возило“ бил извршен согласно со медицинските протоколи, под целосна заштитна опрема на возачот и пациентите. Нивниот превоз , пријавените уредно го пријавиле телефонски на 192 во Центарот за известување и командување при СВР Куманово, а согласно решенијата за домашна изолација каде стои дека „доколку лицето во текот на лекувањето и изолацијата во домашни услови има потреба од болничко лекување, претходно треба да се јави на телефонскиот број со цел да му биде овозможено напуштање на домот“ – се наведува во образложението на Кумановското основно јавно обвинителство.