Осум нови случаи на ковид-19 во Прилеп

192

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има осум нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица.

Бројот на активни случаи изнесува 62, од кои 50 се наоѓаат на домашно, а 12 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 139 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 399.   Ka.M.