Осуммина пациенти од охридско-струшкиот регион хоспитализрани во Битола

650

На Клиниката во Битола моментно се хоспитализирани 8 пациенти позитивни на ковид-19, изјави денеска директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска.

Според неа, сите пациенти се од охридско-струшкиот регион, додека од Битола засега нема хоспитализирано пациент позитивен на ковид-19.

– Во моментов на Клиниката во Битола се хоспитализирани 8 лица позитивни на ковид- 19, кои што се наоѓаат во средно-тешка состојба. Двајца пациенти се на кислородна поддршка, но нивната состојба е стабилна – рече Гагачовска, која притоа нагласи дека во текот на вчерашниот ден на Клиниката во Битола биле хоспитализирани вкупно 7 лица, но не биле сите позитивни.

Податоците од вчерашниот ден покажаа дека од нив 4 биле ковид-позитиви пациенти, а тројца се суспектни.

– За тројцата суспектни пациенти пристигнаа негативни резултати, а во текот на попладнето и вечерта пристигнаа уште 4 нови пациенти позитивни на ковид-19 – рече директораката Гагачовска.

М.М.