Османи: На средбата со градоначалникот на Куманово носев опрема, но ќе се тестирам за ковид-19

81

Вицепремиерот Бујар Османи соопшти дека се изолирал и решил да не отиде на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски, по средбата со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, на кого му е дијагностициран коронавирусот.

Османи рече дека ќе се тестира за да провери дали и тој е позитивен, посочувајќи дека постојано носел заштита опрема во текот на средбата.

– По позитивната потврда за ковид-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник, кога тестирањето треба да се направи според протоколите – посочи Османи.

Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот Димитриевски, како и на сите граѓани заразени со коронавирусот.