Османи и Филипче ги информираа амбасадорите за состојбата со коронавирусот

75

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организираше заеднички видео-брифинг со Министерот за здравство Венко Филипче со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисии акредитирани во Скопје.

Целта на брифингот беше да се информираат Амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и за различните сетови на мерки кои ги презема Владата за справување со пандемијата.

– Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на ковид-19.

Особено сме благодарни до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност имеѓудржавната соработка бидејќи пандемијата не научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана – истакна Османи.

Министерот за здравство ги информираше амбасадорите подетално за последните случувања во однос на справувањето со ковид-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата.