Општина Куманово: МВР не презема мерки за заштита од коронавирусот

58

Општина Куманово е незадоволна од работата на МВР во градот во однос на заштитата и почитување на мерките против коронавирусот. Од Општината, исто така, бараат зголемување на капацитетите на болницата за лекување на пациенти со ковид-19.

– Општинскиот штаб заклучи дека дејствувањата на МВР на територија на Општина Куманово во однос на заклучоците и уредбите на Владата на Република Северна Македонија во однос на почитување на мерките се на незадоволително ниво односно не се превземаат доволно превентивни и репресивни мерки од страна на полицијата во извршување на задачите за спречување на ковид-19 кризата во смисла на опоменување на поголеми групи во одредени делови на градот, непочитување на социјална дистанца, неносење на заштитна маска и други препораки од Комисијата за заразни болести – соопштија од Општината.

Од таму, во однос на варијабилниот пораст на нови случаи, бараат итно дејствување од страна на МВР за да се спречи евентуално зголемување на бројот на новозаболени.

Исто така, Општина Куманово, бара од Владата да пристапи на зголемување на капацитетите на болницата за третирање на пациенти со ковид-19 и изградба на ковид болница.

Општината бара и засилен надзор на северната граница во однос на движење на бегалците о нивно сместување во ТПЦ Табановце.