Од утре за влез во земјава мора да се приложи негативен ПЦР-тест

912

Владата донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на ковид-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на земјава ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР-тест за коронавирус.

Тој треба да е направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.

Дополнувањето на одлуката стапува во сила од утре, 10 јули.