Од отворањето на градинките досега се заразиле 9 деца и 13 вработени

183

Миистерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени.

Вирус е регистриран кај 13 вработени од 311 објекти во земјата.
– Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите – вели министерот Венко Филипче.

Денеска, со Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, тој ја посети градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром каде разговарале со директорката и вработените како се одвива воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.