Одделението за физикална медицина во Битола стана ковид одделение

130

Поради драстично зголемениот број на позитивни лица со ковид-19, кои го наполнија инфективното одделение, од денеска пациентите што на Клиничката болница се лекуваат од ковид-19 се хоспитализирани во Одделението за физикална медицина, кое е пренаменето како дополнителен капацитет на регионалниот ковид центар во Битола.
На Одделението за физикална медицина денеска од инфективното одделение беа префрлени 15-тина пациенти, кои имаат потреба од перманентна кислородна поддршка.
Инаку со цел да се зголемат капацитети за згрижување на болните од ковид-19, почнаа изградбата на модуларниот ковид центар, кој треба да биде изграден за три недели, а во кој ќе бидат згрижени 90 пациенти.
За изградна на Ковид центарот општината Битола донираше 80.000 евра од својот буџет.
М.М.