Објавени протоколите за спортските натпревари, музеите и за меѓуградскиот превоз

39

На веб-страницата на Владата се објавени Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувачница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

На интернет-страницата на Владата се објавени и Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, Протоколот за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудиопродукции и техничка поддршка на овие настани, Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во Македонија.

Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.